Американските ракетни лансери ХИМАРС веќе оперираат на фронтот во Украина (Видео)


 

Повеќекратните ракетни фрлачи M142 ХИМАРС испорачани од Соединетите Држави како дел од безбедносната помош за Украина, веќе се на фронтот и ги испукуваат своите проектили

Тоа го соопшти Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина.

„М142 ХИМАРС повеќекратните ракетни системи за лансирање веќе работат на одбраната на Украина. Артилериците на вооружените сили на Украина вешто погодија воени цели на непријателот на наша, украинска територија“, напиша главниот командант на Телеграм.

Тој, исто така, му се заблагодари на американскиот народ за обезбедувањето на споменатото оружје, додавајќи дека „целта на Украина е победа“.

На 23 јуни министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, рече дека ракетните лансери веќе пристигнале во Украина.

На 1 јуни американската администрација објави дека ќе и обезбеди на Украина артилериски ракетни системи со висока подвижност ХИМАРС со муниција што може да погоди цели на дострел од 70 км (максималниот дострел за овој тип на оружје е 300 км), иако Украина побара проектили што можат да одат подалеку.