Американските работодавци создадоа малку работни места, економистите загрижени
Резултатите непријатно ги изненадија аналитичарите кои предвидуваа стабилна инфлација од 4,1 отсто и отворање на 175.000 нови работни места за јули, според Си-Ен-Ен.
Најмногу нови работни места се отворени во здравствените и социјалните служби, поточно 64.000, потоа градежништвото со 25.000, угостителството и рекреативниот сектор 23.000, јавниот сектор 17.000.
Економистите ги загрижува фактот што растот на бројот на нови работни места во последните две години пред се се заснова на одредени сектори и не се заснова на единствен развој.
Пазарот на труд во САД се залади многу повеќе од очекуваното, нагласувајќи ја загриженоста дека американската економија забави премногу брзо и дека економијата оди кон рецесија.
Денешниот извештај ја доведува во прашање одлуката на американската централна банка ФЕД, која во средата ги задржа референтните каматни стапки во опсег меѓу 5,25 и 5,5 отсто и сигнализираше дека тие може да се намалат во септември.
Прашање е дали американскиот пазар на труд може да ја чека септемвриската одлука со „доволно гас во резервоарот“, додава американската медиумска компанија.