Американските поети со најмногу признанија Златен венец на СВП
Ценетиот француски поет Жан Пјер Симеон (1950, Париз), одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. е годинешен лауреат на Струшките вечери на поезијата кои почнуваат утре во Струга и ќе траат до 26 август, под мотото „Допир на убавината“.
Изборот на лауреат, како што истакна во својата беседа на свеченоста во МАНУ, во март, проф.д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП, никојпат не бил и не е лесен и едноставен.
„Оваа година се соочивме со сериозна и одговорна задача, да одбереме лауреат на
СВП од листата на предложени кандидати, составена од автори и авторки, кои се мошне
воедначени по својот квалитет. Таков избор никојпат не бил и не е лесен и едноставен.
Непосредно по смртоносната ковид пандемија, во светот ни се случуваат две тековни
војни и бројни жаришта на несигурност, кои имаат свое глобално влијание и сериозни
последици. Отаде е мошне важно: каква порака испраќаме со изборот на лауреатот – во
име на Струшките вечери на поезијата, како најстар (во континуитет) и меѓународно
препознаен поетски фестивал. Секој избор на лауреат воедно рефлектира и своевиден
политички став – во најшироката и благородна смисла на овој, денес често
злоупотребуван збор, „политика“. Со изборот на лауреат, во истовреме, оддаваме и
порака до литературата и до светот, дека, на поезијата денес и’е насушно потребна
поинаква одежда и реторика, за таа одново да му се приближи и – не само да го освои,
туку и да го лекува современиот читател – со својата автентична Етика!
Во ова турбулентно и крајно непредвидливо време – сите сме суштински гладни,
за автентична и нова Етика, а не само поетика. Етика, проткаена со нова смисла, нова
надеж, нова верба, на којашто, треба да се потпреме, бидејќи сето друго околу нас,
буквално, е во атмосфера на распад, на негација, на обезвреднување, обесмислување, еден
комплетен и конечен апсурдизам без преседан, што е неразбирлив во време кога сме
опкружени со неверојатен голем напредок во науката и во техниката . Наспроти тоа,
никако не сака да се смири или отстапи злокобниот Танатос, злокобниот нагон на смртта,
на деструкцијата, на поништувањето на сѐ што е благородно, и сѐ што би можело да биде
поинаку. Веројатно заради сето тоа – при изборот на нов лауреат годинава – сите
едногласно се приклонивме кон името на Жан Пјер Симеон“, истакна Шелева во своето обраќање, на свеченоста на МАНУ, по повод соопштување на годинешниот добитник на Златен венец.

Еве ја листата на досегашни лауреати на СВП и од земјите од кои доаѓаат, почнувајќи од 1966 заклучно со 2023. Најмногу добитници доаѓаат од САД. (Л.С.)
1966 Robert Rozhdestvensky (USSR)
1967 Bulat Okudzhava (USSR)
1968 László Nagy (Hungary)
1969 Mak Dizdar (SR Bosnia and Herzegovina, SFR Yugoslavia)
1970 Miodrag Pavlović (SR Serbia, SFR Yugoslavia)
1971 W. H. Auden (United States)
1972 Pablo Neruda (Chile)
1973 Eugenio Montale (Italy)
1974 Fazıl Hüsnü Dağlarca (Turkey)
1975 Léopold Sédar Senghor (Senegal)
1976 Eugène Guillevic (France)
1977 Artur Lundkvist (Sweden)
1978 Rafael Alberti (Spain)
1979 Miroslav Krleža (SR Croatia, SFR Yugoslavia)
1980 Hans Magnus Enzensberger (West Germany)
1981 Blaže Koneski (SR Macedonia, SFR Yugoslavia)
1982 Nichita Stănescu (Romania)
1983 Sachchidananda Hirananda Vatsyayan Agyey (India)
1984 Andrey Voznesensky (USSR)
1985 Yiannis Ritsos (Greece)
1986 Allen Ginsberg (United States)
1987 Tadeusz Różewicz (Poland)
1988 Desanka Maksimović (SR Serbia, SFR Yugoslavia)
1989 Thomas W. Shapcott (Australia)
1990 Justo Jorge Padrón (Spain)
1991 Joseph Brodsky (United States)
1992 Ferenc Juhász (Hungary)
1993 Gennadiy Aygi (Chuvash Republic, Russian Federation)
1994 Ted Hughes (United Kingdom)
1995 Yehuda Amichai (Israel)
1996 Makoto Ooka (Japan)
1997 Adunis (Syria)
1998 Liu Banjiu (China)
1999 Yves Bonnefoy (France)
2000 Edoardo Sanguineti (Italy)
2001 Seamus Heaney (Ireland)[5]
2002 Slavko Mihalić (Croatia)
2003 Tomas Tranströmer (Sweden)
2004 Vasco Graça Moura (Portugal)
2005 William S. Merwin (United States)
2006 Nancy Morejón (Cuba)
2007 Mahmoud Darwish (Palestine)
2008 Fatos Arapi (Albania)
2009 Tomaž Šalamun (Slovenia)
2010 Lyubomir Levchev (Bulgaria)
2011 Mateja Matevski (Macedonia)
2012 Mongane Wally Serote (South Africa)
2013 José Emilio Pacheco (Mexico)
2014 Ko Un (South Korea)[6]
2015 Bei Dao (China) [7]
2016 Margaret Atwood (Canada)[8]
2017 Charles Simic (United States)
2018 Adam Zagajewski (Poland)
2019 Ana Blandiana (Romania)
2020 Amir Or (Israel)
2021 Carol Ann Duffy (United Kingdom)
2022 Shuntarō Tanikawa (Japan)
2023 Vlada Urošević (North Macedonia)