Aмериканскиот Сенат го почна сослушувањето на судијката Ејми Кони Барет, кандидатката за Врховниот суд


САД– Комитетот за правосудство на американскиот Сенат го почна своето четиридневно сослушување на судијката Ејми Кони Барет во процесот за потврда на нејзината номинација за судија на Врховниот суд, што ја направи американскиот претседател Доналд Трамп.

Сослушувањето на конзервативната судијка, која Трамп ја номинира на 26 септември, по смртта на либералната судијка, Рут Бадер Гинзбург, почна со воведни обраќања на сенаторите,

Судијката Берет ќе се обрати дури откако прво зборуваат сите 22 члена на Комитетот.

Поради пандемијата на коронавирусот, на сослушувањето лично не происуствуваат сите сенатори, а тие што се наоѓаат во Капитол Хил имаат физичка дистанца и ги следат другите епидемиолошки упатства.

Берет седи на маса наспроти сенатор со маска на лицето, а зад неа седат нејзините деца, исто така, со маски на лицата.

Одлуката дали ќе  присуствува на сослушувањето ја носи секој сенатор посебно. Меѓу оние кои сослушувањето го следат преку видео врска е и демократската сенаторка Камила Харис, кандидатката за потпретседател на Џо Бајден на изборите на 3 ноември.

Републиканските лидери во Сенатот ги отфрлија повиците на демократите да го одложат сослушувањето затоа што двајца членови на Комитетот и претседателот Трамп беа позитивни на коронавирус, само неколку дена по церемонијата на 26 септември на која претседателот објави дека ќе ја предложи оваа 48-годишна судијка.

Ова сослушување е последниот чекор пред целосното гласање на Сенатот кон крајот на октомври за да се потврди доживотниот мандат на Ејми Кони Барет во Врховниот суд.