Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е позитивен на коронавирус

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во неделата изјави дека е позитивен на Ковид-19 и има благи симптоми, но ќе ги задржи сите овластувања додека е дома во карантин во следните пет дена.
Во изјавата, Остин рече дека побарал тест претходно во неделата, откако забележал симптоми додека се одмарал дома.
„Моите симптоми се благи и ги следам упатствата на мојот лекар“, рече Остин во изјавата, додавајќи дека ќе остане дома во карантин во следните пет дена во согласност со упатствата од ЦДЦ на САД.
„Колку што е можно, планирам да бидам виртуелно присутен оваа недела на клучните состаноци и дискусии“, рече Остин. „Ќе ги задржам сите овластувања. Заменик-секретарот Кетлин Хикс ќе ме застапува во други работи доколку е потребно“.
Министерството за правда соопшти дека министерот бил целосно вакциниран и добил бустер доза во октомври.
Тој последен пат се виде со претседателот Џо Бајден на 21 декември, повеќе од една недела пред да почне да чувствува симптоми и беше негативен тоа утро, рече тој.
Бројот на новозаразени со коронавирус во САД во последно време нагло се зголеми, делумно поради ширењето на многу заразна варијанта на омикрон.
Во просек, здравствените власти во земја со 330 милиони луѓе регистрирале околу 300.000 нови случаи секој ден во последните седум дена.