Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, се префрлил во воена база по ирански закани
Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, го напуштил својот дом и се префрлил во воена база поради наводни ирански закани, објави ДПА, повикувајќи се на американски медиуми.
Бесант беше преместен во воена база откако разузнавачките информации утврдија дека заканите достигнале напредна фаза, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на неименуван функционер.
Според „Њујорк тајмс“, не е јасно колку сериозна била заканата против Бесант.
Министерството за финансии го потврди за двата медиума неговото преселување и соопшти дека „министерот нема да биде обесхрабрен од заканите од иранскиот режим“.
Бесант е на чело на економската војна на Вашингтон против Иран, воведувајќи санкции врз банки, поединци, компании и авиокомпании.
„Њујорк тајмс“ објави дека секретарот за финансии не е единствениот функционер од администрацијата на Трамп кој бил принуден да се пресели. Шефот на кабинет на Белата куќа, Стивен Милер, и поранешната државна обвинителка Пам Бонди, исто така, се префрлени на побезбедни локации.