Американскиот носачот „УСС Абрахам Линколн“ по 286 дена на море пристигна на Тајланд


Вашингтон – Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ по рекордни 286 денови поминати на море и извештаите за влошените услови на бродот и проблемите со менталното здравје на војниците, пристигна во тајландското пристаниште Лаем Чабанг.

„УСС Абрахам Линколн“, со околу 5.000 морнари и маринци, во ноември минатата година беше распореден и вклучен во американската поморска блокада и борбени операции во војната со Иран.

Носачот на авиони и другите американски воени бродови на Тајланд, единствениот партнер на САД во континентална Југоисточна Азија, ќе останат пет дена.