Американски музички награди: Тејлор Свифт е пејачка на декадата


САД- Се надеваме дека Тејлор Свифт има празен простор на полицата за трофеи затоа што треба да однесе дома голема награда следниот месец.

Пејачката на  „Треба да се смириш“ ќе биде почестена како пејачка на декадата на Американските музички награди 2019 година, што ќе се емитува на 24 ноември на АБЦ. За време на шоуто, Свифт на сцената ќе изведе некои од најголемите хитови од нејзината кариера.

Со пет номинации оваа година, Свифт (29) го држи рекордот за најмногу победи на АМА од која било женски изведувач досега, и има повеќе победи оваа деценија од која било друга изведувачка.

„Влијанието на Тејлор врз музиката оваа деценија е непобитен и нејзините настапи на Американските музички награди беа навистина спектакуларни“, рече Марк Бруко, извршен потпретседател за програмирање и развој на Дик Кларк Продукција.

Свифт се приближува до рекордот на Мајкл Џексон од 24 победи на АМА, а таа веќе го држи рекордот во категоријата пејачка на годината со четири претходни победи.

Оваа година АМА, која ќе се одржува во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес, ќе ѝ оддаде почит на декадата што се приближува, со изведби кои слават музички моменти од 2010 од  различни жанрови.