Американски центар: Луѓето кои го преболеа корона вирусот заштитени се следните три месеци


 

Луѓето кои го преболеа корона вирусот заштитени се следните три месеци, објави Американскиот центар за контрола и превенција од болести.

Според ажурираните насоки кои ги даде овој центар стои дека луѓето кои прележале Ковид-19 може слободно да се движат и да се дружат во следните три месеци, пишува Вашингтон пост.

Тое а добра насока на агенцијата и податок кој вели дека имунитетот на вирусот трае барем три месеци.

Студија во јуни покажа дека ниво на антитела може да падне за два до три месеци кај лицата потврдени со заразата кои имале благи симптоми или биле асимптоматски.

Најновите насоки на оваа агенција одат малку понатаму.

„Луѓето кои беа позитивни на тестот на корона вирус не треба да одат во карантин или повторно да се тестираат до три месеци ако повторно не развијат некои симптоми“, се вели во насоките.

Од друга страна, се наведува дека кај оние кои повторно ќе развијат симптоми во рок од три месеци од првата појава на корона вирусот можеби ќе треба повтрно да се тестираат доколку нема друга причина за нивните симптоми.

Другите вируси, вклучувајќи ди оние кои предизвикуваат САРС и МЕРС, имаат антитела, како што сметаат научниците, кои траат една година. Во првите денови од ширењето на вирусот во САД научниците се надеваа дека антителата на новиот вирус ќе траат барем толку.

Студија објавена во мај откри дека лицата кои оздравеле од инфекцијата можат сигурно да се вратат на работа, но и понатаму не беше јасно колку долго ќе бидат заштитени.