Американски банкар обвинет за купување функција во администрацијата на Трамп

Фото: chicagotribune.com

Генералниот директор и основач на банка од Чикаго, Стивен Калк, се обидел да купи функција во администрацијата на Доналд Трамп со тоа што кон крајот на 2016 година одобрил повеќе заеми со висок ризик во вкупна сума од 16 милиони долари на Пол Манафорт, раководител на предизборниот штаб на идниот претседател на САД.

Според обвинението поднесено до Калк објавено синоќа на веб-сајтот на Министерството за правда, Калк испратил до Манафорт листа со десет функции на кои претендирал меѓу кои министер за финансии, министер за одбрана или заменик минисер за финансии, но и повеќе амбасадорски места.

Од обвинението се дознава дека тој, сепак, не добил никаква функција, а голем дел од заемите што ги издал, околу 12 милиони долари, не биле вратени поради „банкротство на позајмувачот“, Манафорт. Банката ги отпишала невратените средства.

„Обидот на Колк да дојде до функција на таков начин беше неуспешен, а заемите што ги одобрил на крајот беa отпишани од првичниот регулатор на банката. Благодарение на исклучителната работа на ФБИ и Одделението на генералниот инспектор на Федералната корпорација за осигурување на кредити, обидот за наводната корупциска шема на Калк резултираше со подигање на федерално обвинение, изјави обвинителката Одри Штраус во соопштение за јавноста на Министерствот за правда.