Американската амбасадорка Брнс во посета на Собранието

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мери Брнс денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со спикерот Талат Џафери.
Покрај тоа, Џафери денеска во законодавниот дом ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која се разговара за тековните и идните активности на Собранието.