Американката која на Трамп му го покажа средниот прст, победи на локалните избори во Вирџинија


Американата Џули Бриксман, која се прослави во септември 2017 година кога беше снимена како на претседателот Доналд Трамп му го покажува средниот прст додека вози велосипед крај неговата поворка со возила, во вторникот го порази републиканскиот противкандидат и го освои неговиот мандат во Надзорниот совет на округот Лоундоун, во сојузната држава Вирџинија.
Новопечената политичарка сега во Советот ќе го претставува квартот Алгонкиан, што опфаќа популација од 400.000 жители.
-Тоа е фантастично чувство, неверојатно е, изјави 52-годишната мајка на две деца за весникот „Вашингтон Пост“. „Изминатите две години беа бурни за мене. Сега помагаме во тоа Лоудоун да стане подрачје на демократите“.

Со победата на изборите таа од Советот го истисна досегашниот републикански член.
Откако на социјалните мрежи се појави снимката со нејзиниот среден прст Бриксман доби отказ од работа, но потоа ја тужела компанијата Акима, обвинувајќи ја дека со отказот и го повредиле правото на слобода на говорот. На работа не се вратила, но добила отпремнина.