Американецот Чен го освои златото во уметничко лизгање


 

Американскиот натпреварувач во уметничко лизгање Нејтан Чен го освои златниот медал на Зимските олипмиски игри во Пекинг, во поединечна конкуренција.

Чен (22) по светскиот рекорд на кратката програма (113,97 бодови) беше најдобар и во слободната програма со освоени 218,63 бода.

Тројниот последователен светски првак во Пекинг порано совои сребро во екипна конкурецнија, додека пред четири години во Пјонгчанг тимски освои бронза.

Среброто го освои јапонскиот натпреварувач Јума Кагијама, кој беше втор и по кратката програма.

Освои вкупно 310,05 бодови, 22,55 помалку од победникот, додека бронзата му припадна на Семи УНа (293).

Двојниот олимписки првак , Јапонецот Јазуру Хању го зазеде четвртото место, по лошиот резултат од кратката програма.

Во слободниот дел се обиде да изведе четворократен аксел, но притоа падна.