Американец си купил сувенир од Кувајт – рачен минофрлач


Обезбедувањето на аеродромот во Мериленд заплениле ракетен минофрлач кој го пронашле во багажот на еден патник. Тој рекол дека оружјето го донел како сувенир од Кувајт.
Во соопштението на Управата за безбедност на сообраќајот пишува дека патникот е роден во Џексонвил и дека некогаш работел за војската.
По заплената фрлачот е предаден на пожарникарите.
„За среќа, оружјето не работеше. Запленето е и предадено на пожарникарите кои ќе го складираат на сигурно. А на господинот кој го донел, дозволено му е да одлета3, пишува во соопштението на Управата.
Ова не е прв пат некој да се обиде да внесе оружје преку аеродром.
Во август 2018 година, на меѓународниот аеродром „Неварк Либерти“, Управата за безбедност во сообраќајот заплени реплики на гранати пронајдени во багаж кој поминал безбедносна проверка.