Американците се селат во поевтини градови

Многу Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, вклучувајќи ги Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк и се селат во поевтини.

Во извештајот на Редфин, компанија за недвижнини, за миграцијата за четвртиот квартал од 2019 година се анализирани повеќе од еден милион корисници во 87 градски области низ САД меѓу октомври и декември.

Податоците покажуваат дека клиентите на Редфин од скапите градови, како што се Сан Франциско или Сан Диего, бараат куќи во помалку скапи средини кои се уште имаат градски удобности, како што се Остин или Феникс.

Ова не изненадува, бидејќи Калифорнија е една од најскапите држави во САД, а нејзините граѓани се огорчени од астрономскиот пораст на цените на местата за сместување.

Едно од местата што од неодамна стана популарно е Портланд, во Орегон.

Еве ги градовите кои, според извештајот, се најбарани за преселување: Нешвил, Тенеси, Бостон, Масачусетс, Тампа, Флорида, Портланд, Орегон, Далас и Остин, Тексас, Атланта, Џорџија, Лас Вегас, Невада, Сакраменто, Калифорнија и Феникс, Аризона.

Во извештајот се земени предвид податоците за просечната цена на куќите во однос на просечните приходи во градовите.