„Американ ерлајнс“ побара 12 милијарди долари државна помош

Компанијата „Американ ерлајнс“ потврди дека побарала 12 милијарди долари финансиска помош од американската Влада поради кризата со новиот коронавирус.

Во електронската порака испратена до вработените, компанијата наведува дека со помошта ќе и биде „овозможено да лета дури и во најлошите сценарија“. Исто така и им се предлага на вработените да земат одмор и им нуди услови за предвремено пензионирање.

„Американ ерлајнс“ минатата година пријави добивка од 2,9 милијарди долаеи и подели дивидента од 1,3 милијарди долари.

Според новиот закон за олеснување на последиците од Ковид-19, американските авиокомпании ќе добијат 50 милијарди долари помош, од кои половината ќе бидат субвенции.

„Американ ерлајнс“ е најголема авиокомпанија во светот по бројот на патници. Компанијата најави дека помошта ќе биде искористена за да се обезбедат основните услуги и да се заштитат работните места.