Американ Експрес го прекинува работењето со руски банки


САД– Американ Експерс се приклучи на растечката листа на големи финансиски институции кои ги прекинуваат врските со Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

– Од почетокот на оваа криза се придржувавме кон американските и меѓународните санкции, што резултираше со прекин на односите со банкарските партнери во Русија и ќе продолжиме да се придржуваме до сите релевантни закони како што се развива ситуацијата, рече шефот на Американ Експрес Стивен Скуери.