Америка го одложи воведување санкции против Иран


Белата куќа го одложи воведувањето нови санкции за иранската нафтена и хемиска индустрија со цел намалување на тензијата која може да излезе од контрола, пишува „Волстрит Џурнал“, цитирајќи извори запознаени со ситуацијата.

Одлуката за одложување на санкциите дојде по „заострената реторика“ меѓу Вашингтон и Техеран, по изјавата за можна вмешаност на Иран во инцидент со танкер на Саудиска Арабија во близина на Обединетите Арапски Емирати, наведува весникот.

На почетокот на мај, ОАЕ соопштија дека четири странски товарни бродови биле цел на диверзија во близина на територијалните води на земјата. Потоа, Саудиска Арабија објави дека се случил напад врз главниот нафтовод во кралството, во кој биле употребени и дронови.

Ријад и Вашингтон не исклучија вмешаност на Техеран во овие настани.

Иран во неколку наврати истакна дека нема никаква врска со инцидентот.