Амди Бајрам бил позитивен на корона вирусот
Тестот што постхумно беше направен на пратеникот Амди Бајрам покажал дека тој бил позитивен на Ковид-19.
Тестот беше направен бидејќи Бајрам минатата недела присуствуваше на свадба на својата внука во Истанбул на која беа присутни 200 гости од Македонија и од Турција.
Епидемиолозите утре ќе работат на епидемиолошките анкети и во зависност од ризикот на зараза ќе определат кој да се тестира, а кој да биде во самоизолација. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, д-р Ирина Сотирова-Бухова за СДК.МК изјави дека погребите се надлежност на Министерството за транспорт и врски, а за погреб на лице починато од ковид-19 е задолженае установата каде починало лицето, и дека за тоа има посебен протокол со одлука на Владата.Некои медиуми јавија дека семејството сепак планира голем погреб.