Амбер Хeрд не ги донирала ветените седум милиони долари во хуманитарни цели


САД– Амбер Херд не ги донирала ветените седум милиони американски долари во хуманитарни цели, истакна Теренс Доерти, претставник на Американската унија за граѓански слободи (АКЛУ), една од засегнатите установи.

Од сумата којашто глумицата во 2016 година јавно изјави дека ќе ја подели меѓу две хуманитарни установи, само 1,3 милиони долари досега се донирани на името на Херд, што вклучува донација и од самиот Џони Деп.