Амбасадорот во Јапонија, Горан Цеков, му ги предаде акредитивите на царот Нарухито


Новиот македонски амбасадор во Јапонија, Горан Цеков, му ги предаде оригиналите на акредитивните писма на царот Нарухито, со што официјално ја презеде функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија.

Традиционалната свечена церемонија се одржа во Имеријалната палата во Токио со највисоки почести, согласно државниот протокол за прием на нови амбасадори во Јапонија.

На настанот присуствуваше и министерот за одбрана на Јапонија, Нобуо Киши, кој по свечената церемонија му честиташе на амбасадорот Цеков за преземената функција, при што изрази желби за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете пријателски земји.

Горан Цеков е кариерен дипломат, кој работи од 1996 година во Министерството за надворешни работи. Бил на служба во Мисијата на РМ при НАТО во Брисел, во македонската амбасадата во Осло, Норвешка, а во 2019 година беше в.д. шеф на Мисијата на РСМ во НАТО во Брисел.