Амбасадорката Брнз побара од Села и Гаши да бидат конструктивна опозиција


Кејт Брнз (Фото: Б. Грданоски)

Откако Алијансата за Албанците и Алтернатива блокираат сѐ можно во Собранието и го запреа узвојувањето на законодавството, денеска интервенираа САД преку амбасадорката Кејт Брнз која побара од нив да бидат контруктивна опозиција.

Амбасадата преку соопштение на својата Фејсбук страница објави дека „амбасадорката Брнз зборуваше денеска со лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин села и Африм Гаши, за да ја нагласи потребата за конструктивна и ангажирана опозиција. Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да работат заеднички со другите за решавање на итните предизвици со кои се соочува земјата“.

Ова е отворен и јавен притисок на Америка врз албанската опозиција да ја гледа поголемата сликаа со која се соочува земјата а не да мисли само на нејзините партиски интереси, особено со блокирањето на петтиот пакет економски закони за помош на најзагрозените од кризата, како и спротивставувањето на одложувањето на пописот. Коалицијата АА/А е осамена на политичката сцена во процедурата за одложување на пописот.