Амбасадата на Русија во Софија ги повика Бугарите да даваат помош за руската армија


 

Руската амбасада во Бугарија во вторникот објави дека почнува специјална донаторска операција за поддршка на руската армија, која изврши инвазија на Украина. Повикот до Бугарите да донираат пари за „помош на војската која учествува во специјалната операција за заштита на Народните републики Донецк и Луганск“ беше објавен на Фејсбук страницата на дипломатската мисија.

Овој неочекуван повик доаѓа во моментот кога Бугарија е во голема политичка криза по падот на владата на Кирил Петков и непознатицата дали ќе може да се формира ново мнозинство или земјата ќе оди на нови избори. Анкетите покажуваат засилување на проруските партии како Преродба.

Руската добротворна фондација формираше фонд „Заштита“, кој ќе добива донации „за да обезбеди сеопфатна помош и да обезбеди дополнителни мерки за социјална поддршка за војниците и нивните семејства“.

Руската амбасада тврди дека имало „многубројни барања од граѓани до Министерството за одбрана на Руската Федерација“.

Објавени се и сметки во три банки – Промсвјазбанк, ВТБ и Сбербанк, а сите три се под санкции на ЕУ.

Коментарите под објавата на Фејсбук на руската амбасада се главно потсмешливи, но тоа не значи дека многу бугарски граѓани не би уплатиле пари за помош на руската армија која безмислосно ги уништува украинските градови и убива цивили.