Амбасада на Русија: Не коментираме шеги на комичари


Руската амбасада во Скопје

Амбасадата на Руската федерација во Скопје не сака да го коментира разговорот на руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров со премиерот Зоран Заев, кој наседна на нивната измама и помисли оти од другата страна на линијата се довчерашниот украински претседател Петар Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Амбасадата не коментира активности на приватни лица, особено не шеги на комичари“, велат од руската амбасада за „Независен весник“.

Премиерот Заев денеска тврдеше оти е жртва на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации. Рече дека оставка не поднесува, а не најде вина во својот тим што му дозволи да контактира со комичарите, мислејќи оти се познатите политичари од странство.