Алварез не доаѓа во Барселона, но на радарот е друг Аргентинец
Екипата на Барселона најверојатно се откажува од трансфер на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но веќе во планови имаат ново аргентинско засилување.
Атлетико Мадрид не планира овој преоден рок да му даде „зелено светло“ на Алварез. Со ваквиот расплет на ситуацијата сега главна цел за трансфер е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Аргентинскиот репрезентативец од Интер е проценет на 85 милиони евра.
Сега на ред се преговорите меѓу клубовите, а важен момент е тоа што при продолжувањето на договорот на Мартинез, од страна на Интер тргната е откупната клаузула од 120 милиони евра.
Капитенот на Интер ланската сезона ја заврши со 22 гола.