Алтернатива за митингот на ДУИ: Не доаѓаат, туку си заминуваат!


 Синоќа во Чаир почна крајот на власта на ДУИ, порача во денешната реакција партијата Алтернатива. 

-Синоќа имаше и скапа приватна забава на ДУИ. Синоќа седум пати се посведочи дека Чаир е на Чаирчани, а не на ДУИ, барем не на Артан Груби. Додека Албанците месецот едвај го врзуваат со следниот, додека цели семејства секојдневно ја напуштаат државата и бараат излез во странство, ДУИ е фокусирана исклучиво во задушувањето на внатрепартискиот бунт.  Парафразирано кажано  „селото гори, а Артан игра фудбал и кошарката во државните кабинети и собира партиски активисти во спортски сали”.

Очигледно нечиј страв се покрива со собири на слаби до збунети партиски активисти. И, за оваа цел, не штедат ресурси. Тие го злоупотребуваат секој атом на извршната власт. Ваквото отуѓување на ДУИ од народот е најмоќната мотивација  Албанците на следните избори  да го казнат овој расипнички модел на власт што ги држи во заложништво. Алтернатива е подготвена да биде олеснувач во процесот на консолидација и обединување на општествените сили
кои се подготвени конечно да се соочат со династијата на ДУИ. Бидејќи ДУИ почна да ги потценува Албанците, сигурни сме дека наместо пораката „доаѓа“ ќе заврши со  пораката „си заминува“, стои во соопштението на Алтернатива.