Алтернатива промовира нова политичка платформа за спречување на иселувањето

Алтернатива денеска промовираше нова политичка платформа „Наше огниште – Наша алтернатива“ за спречување на иселувањето на граѓаните.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши истакна дека подготвиле документ во кој ги идентификува причините за миграција, но и мерките што треба да се преземаат за да се спречи тоа.

– Идејата на нашиот субјект е да се спроведе оваа кампања во три фази. Во првата фаза ќе се спроведе кампања за подигнување на свеста против миграцијата, но и средби со граѓаните за да ги слушат директно од нив причините за овој феномен и нивните предлози за да се спречи иселувањето. Втората фаза ќе вклучува трибини, панели и дебати со експерти од различни области каде ќе се дискутираат причините за миграцијата и мерките за нејзино спречување. Во последната фаза, по сумирањето на сите податоци од двете горенаведени фази, Алтернатив ќе и предложи на Владата на Република Северна Македонија „Државна стратегија за спречување на раселување на населението“, која ако се донесе, ќе почне со спроведување на предложените мерки.