Алтернатива одлучи да преговара за влез во Владата


Алтернатива по состанокот на претседателството одлучи да преговара за влез во Владата.

„Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме во  длабока политичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвикува многу неизвесност. Јас согледавме оваа ситуација и Алтернатива, како сериозна партија,  сака да помогне да се одблокира оваа ситуација. Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјава да се надева на датум за преговарање со ЕУ. Го овластивме претседателот да комуницира со актуелниот премиер или новиот мандатар за да се види дали има простор за заедничка владина програма. Се зависи од тоа што ќе се разговара и што ќе се договори. Одлуката дали ќе влеземе во владината коалиција зависи од Централното собрание, кое ќе може да се состави кога ќе има детали од преговорите“, рекоа од Алтернатива.

Во соопштението до партијата стои дека од преговорите ќе видат дали „има волја за заедничка владина програма и дали има волја – во име на овие цели – актуелните владини партнери да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа“.

„Сепак, отсега се зависи од тоа што ќе се разговара и што ќе се договори, додека конечната одлука за влез во владата или отфрлање на оваа можност ќе ја донесе Централното собрание на Алтернатива, кое може да се свика откако ќе имаме нешто поконкретно од само подготвеноста за преговори“, стои во соопштението.

Тие не кажаа што ќе бараат од СДСМ за влез во Владата и рекоа: „Повеќе ќе бидеме заинтересирани за начините за илзез од кризата, отколку за тоа што ќе добиеме ние“.