Алкараз се откажа од Монте Карло


Шпанскиот тенисер Карлос Алкара се повлече од Мастерсот во Монте Карло.

Шпанецот не успеа да се опорави од повредата со која се здоби од турнирот во Мајами.

„Работев во Монте Карло и се обидував до последен момент да се опоравам од повредениот мускул на десната рака, но не беше можно и не можам да играм! Навистина се радував на тоа… Се гледаме следната година“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Алкарас и оваа година нема да игра на овој Мастерс, бидејќи минатата сезона исто се повлече од првиот турнир на земја, а сега големо прашање е како оваа повреда ќе се одрази на остатокот од сезоната.

Алкараз беше пријавен за турнирот во Барселона, а сега неговиот настап на тој турнир е доведен во прашање. После следуваат Мастерсот во Рим и Мадрид.