Алисон најдобар голман, Салах, Обамејанг и Мане најдобри стрелци во Премиер лигата


Голманот на Ливерпул, Алисон ја освои „Златната ракавица“ во англиското првенство за сезоната 2018/19. Бразилецот имаше најмногу натпревари без примен гол – 21.

Алисон се пресели во Ливерпул пред почетокот на сезоната од Рома.

Ливерпул освои 97 боа во првенството на Англија, а двајца од неговите фудбалери одеднаш – Садио Мане и Мохамед Салах ја делеа титулата најдобар стрелец (22 гола) со Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.

Сепак, Манчестер сити стана шампион, кој на крајот беше поуспешен од тимот на Јирген Клоп за само еден бод.

Трката за најдобар стрелец во Премиер лигата беше интересна и неизвесна до последните минути, за на крајот наградата да биде поделена меѓу Мохамед Салах, Пјер-Емерик Обамејанг и Садио Мане.

Во борбата за насловот освен горенаведените „славеници“ кои постигнаа по 22 гола, учествуваше и Серхио Агуеро, кој ја заврши сезоната со еден гол помалку од неговите ривали.

Дека трката беше неизвесна до последниот момент покажува и податокот дека во 38. коло, Мане и Обамејанг постигнаа по два гола, израмнувајќи се по бројот на голови со Салах, кој во последното коло не се запиша во листата на стрелците.

Инаку, минатата сезона наградата најдобар стрелец во Премиер лигата ја освои Салах, така што за него ова е второ последователно признание, а прво за Мане и Обамејанг.