Алиша Киз повторно водител на наградите „Греми“


САД- Номинациите за Греми наградите, музички еквивалент на Оскарите, ќе бидат објавени подоцна во ноември. На големата церемонија во улогата на водител повторно ќе се појави пејачката Алиша Киз.

Таа на оваа позиција првпат се појави за Греми 2019, а публиката не остана рамнодушна на начинот на кој ја водеше церемонијата. Греми 2020 ќе се одржат на 26 јануари, во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

Номинациите ќе бидат објавени на 20 ноември. Самата Алиша мислела дека нема пак да ја води церемонијата, но се укажала можност и таа со задоволство прифатила.

Самата таа е неколкукратна добитничка на Греми награда во повеќе категории, вклучувајќи ги и најдобар нов музичар во 2002, потоа четири статуетки за женски Р’н’Б вокал, а последното го има освоено во 2014 година за најдобар Р’н’Б албум „Girl on Fire“.