Алијансата за Албанците на Таравари ќе оди на конгрес


 

Централното собрание на Алијанса за Албанците на крилото на Арбен Таравари на вчерашната седница донесе одлука за одлука за свикување на редовен конгрес на партијата, но не го одреди датумот. Собранието го избра организацискиот одбор кој ќе се занимава со неговата подготовка. За негов претседател беше избран Валбон ЛиманиОрганизацискиот одбор во најкраток рок ќе го утврди датумот на Конгресот и ќе започне со подготовките за негово организирање.

На Централното собрание му беше презентиран нацрт-документот за изработка на стратегијата на АА 2026–2036, документ кој ќе ја утврди политичката, организациската и програмската ориентација на партијата за следната деценија. Беше формирана четиричлена комисија за спроведување на овој процес, во која ќе бидат вклучени и надворешни експерти.

Во своето обраќање, претседателот на АА, Арбен Таравари, ја нагласил важноста од работата на терен, зајакнувањето на структурите и понатамошната консолидација на партијата како сериозна политичка алтернатива. Шефот на изборниот штаб на АА, Халил Снопче, го презентираше извештајот за локалните избори 2025–2026, при што беа анализирани резултатите, соработките и предизвиците на изборниот процес. На Собранието се дискутираше и за актуелните политички случувања и за позиционирањето на партијата во периодот што следува.