Алијансата на Села им се налути на Заев и на Ахмети: Пак ќе има избори…


Алијансата на Албанците се налути затоа што банкнотите со новото име на државата, кои ќе бидат испечатени на почетокот од идната година, се само на македонски, а не и на албански јазик.

„Оценуваме дека оваа одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што е предвидено со Законот за јазиците кој го зборуваат најмалку 20 отсто од населението на целата територија на Северна Македонија. Овој нов моментум покажува дека владата на СДСМ-ДУИ, која постојано се повикува на двојазичност и се обидува да претставува еднакви вредности на јазична еднаквост, не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците“, реагираат од партијата на Зијадин Села.

Тие прашуваат зошто Али Ахмети се согласил на ваквата одлука, иако сѐ уште не е добиена оценка од страна на Венециската комисија за двете оспорени одредби за употребата на албанскиот јазик во банкноти и во полициски униформи.

„Зошто ДУИ дозволува да го нема албанскиот јазик на банкнотите, додека немаме ниту одлука на Уставниот суд, кој е најповикан и најкомпетентен орган за оспорување или не, на двата члена од Законот за употреба на јазиците. Овој моментум, всушност, ни кажува дека ДУИ нема ниту капацитет ниту знаење даги штити барањата на албанските гласачи  и албанскиот јазик, како што предвидува законот. И на крајот, му се обраќаме на СДСМ и премиерот Зоран Заев, дека избори ќе има пак во РСМ и тие не ќе можат да манипулираат со Албанците со „”јазична еднаквост”, се додека делумно го применува Законот за јазиците, со што им дава до знаење на Албанците дека албанскиот јазик во РСМ воопшто не е официјален и еднаков на македонскиот“, коментираат во Алијансата.

Гувернерката Анита Бежовска – Ангеловска вчера истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.