Алијанса за Албанците и Алтернатива за утре најавија Марш за демократија


Алијансата за Албанците и Алтернатива утре ќе протестираат против, како што велат, кражбата на албанскиот глас од страна на ДУИ. Протестниот марш на коалицијата „Сега е времето“ наречен „Марш за демократија“ ќе започне од паркот на Чаир и ќе заврши пред канцеларијата на ЕУ и Државната изборна комисија. Од оваа коалиција велат дека во маршот ќе се почитуваат здравствените препораки.

„Маршот за демократија“е повеќе од протест, тоа е јавен израз на волјата на албанскиот граѓанин во земјава, кој по последните избори смета дека демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин се сериозно оштетени. Овој марш точно пред седиштето на ЕУ во Скопје ќе ја испрати пораката дека земја што започнува преговори со ЕУ не смее да дозволи некои од нејзините граѓани да бидат лишени од правото на глас и да бидат избрани“, рече Нурјан Асановска, портпаролка на Централниот штаб на АА-ААА.