Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа интерпелација за Спасовски
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле барање за гласање доверба за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Причина за тоа се бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тие исто така, најавија дека ќе го поддржат и предлогот за интерпелација на Владата и за создавање ново парламентарно мнозинство.
„Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знаат каде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалков доби домашен притвор. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со Владата“, смета Села.
Гаши побара земјите членки на ЕУ да донесат тим судии и обвинители кои повторно ќе ги отворат сите, според нив, монтирани процеси од осамостојувањето досега, за, како што истакна, сите корумпирани политичари да одговараат, зашто само така ќе има правна држава.