Алијанса: Што се виновни нашите деца за да учат без греење?


Алијансата за Албанците реагира на фактот дека поголемиот дел од училиштата со албанско мнозинство во Скопје, поточно во општините Бутел и Чаир се без греење.
 
-Честопати се прашуваме зошто експериментите се секогаш во овој дел на градот? Се наоѓаме во енергетска криза и се бараат модалитети за да се реши ова прашање. Прашањето што мора да се постави е – што прават институциите за да се реши оваа криза? Кога се издвоија 18 милиони евра за скопските топлани, зошто нема решение за училиштата и градинките? Во последна инстанца, општините под чија надлежност се основните училишта, што направија?- прашуваат од Алијансата за Албанците.
 
Според оваа партија нема поголем интерес за заштита на идните генерации од тоа да се обезбедат услови за квалитетно учење.
 
-Првата одговорност паѓа на општините кои немаат план за решавање на овој проблем. Што презема Министерството за образование во врска со ова и како Владата мисли да ги надмине овие случаи? Многу прашања и малку одговори, како и никаква одговорност и човечност. Тешко на учениците коишто овие студени денови треба да ги поминат во студени училници. Децата се иднината, затоа должност на сите е да ги заштитиме и да им помогнеме, порачаа од Алијансата.