Алијанса за Албанците : Бараме одговорност за неуспешните политики во здравството

Претседателот на Комисијата за здравство на Алијанса на Албанците, Беким Татеши побара одговорност од Владата за, како што рече, неуспешните политики во здравството и не расчистување на случајот со ранување на двајца млади на свадба во тетовска Мала Речица.

– За болницата „Жан Митрев“ и Државната детска кардиохирургија ние како здравствена комисија во декември минатата година рековме дека се работи за проект што не е добро подготвен и е нетранспарентен и затоа тогаш кажавме дека ќе дојде до неуспех, изјави Татеш,на денешната прес-конференција во партиската канцеларија на Алијанса на Албанците во Тетово

Тој вели дека и претходната Влада имала неуспех со хроничната хемодијализа, затоа што за секоја терапија пациентите и државата плаќале лек 20 до 30 денари повеќе отколку во поранешниот систем.

– Нашите прашања се кој тоа одлучи колегата Чадиковски да мигрира од државна болница во приватна болница, знаејќи дека во клиниката за детска хирургија беа инвестирани милионски суми за апаратура и за едукација на екипата. Дали ова значи дека болницата „Жан Митрев“ нема да продолжи со операции, бидејќи екипата на колегата Чадиковски се единствени доктори лиценцирани за вакви операции. Го прашуваме министерот дали ќе се укинат другите проекти во склоп на јавното приватно партнерство, како што е централизација на биохемиски лаборатории, стерилизација на хируршки сали и првата помош, истакна Татеши.

Татеши постави прашања до Министерството зошто нема реализација на најавените проекти како нов котел во гинекологија на клиниките во Скопје, зголемување плати на здравствените работници, спречување миграција на кадар, целосно бесплатно лекување за сите осигуреници, укинување на партиципација и бесплатна специјализација за најдобрите десет студенти.

Тој го повика министерот за здравсрво Венко Филипче на дуел со експертите од комисијата за здравство при Алијансата на Албанците за да разговараат за горенаведените проблематики.

Алијанса на Албанците бара и одговорност за случајот со ранување на двајцата млади на свадба во Тетово.

– Добивме информации дека при првата интервенција кај младиот пациент не е изваден куршум и по напрвените испитувања. Прашуваме дали куршумот останува поради медицинска индикација или да се прикриваат некои факти, рече Бекир.

За овој случај, од партијата најавија дека ќе бараат увид во документацијата на клиниката за тораковаскуларна хирургија, клиника за трауматологија, судска медицина, како и во Министерство за здравство.