Алијанса на Албанците бара лидерска средба на албанските партии во присуство на меѓународни претставници

Алијанса на Албанците не се согласува со идејата да има средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, а на која нема да присуствуваат лидерите на албанските партии.

Според портпаролот  Флакрон Беџети, самиот формат на средбата од која се исклучени Албанците не дава простор дека ќе има значителен епилог, а смета дека тоа може да се постигне на друга средба со присуство на меѓународниот фактор сличен на Пржино.

-Во принцип, како политички субјект сме за политички дијалог компромис, консензус и договор за одредени политички прашања од јавен интерес но категорично се спротиставуваме на затворена средба на премиерот Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ со исклучување на албанските политички сили и нивното раководство. Досега имало две групи кои работеле на законото за Јавно обвинителство сочинети со членови на Владата без да бидат вклучени албанските партии. Јавно прашуваме кој им дал право на премиерот Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да ги исклучат или да не ги поканат лидерите од албанскиот политички блок. Ниту Заев ниту Мицкоски не можат да одлучувуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое некогаш беше донесено со политички и етнички консензус иницирано од меѓународниот фактор, вели Беџети.

Алијанса на Албанците прашува кој ќе ги праша албанските партии на лидерската средба Заев и Мицковски, кој ќе зборува во име на Албанците за законот за Јавното обвинителство, кој ќе зборува во име на албанските граѓани доколку се отвори темата предвременски парламентрани избори, бидејќи не се исклучува можноста на таа средба да се разговара и за други актуелни теми, како на пример, пописот на населението.

-Што ќе мислат граѓаните Албанци ако само Заев и само Мицковски зборуваат или се договараат за пописот. Зошто се отвора простор некој да греши или да не греши во констатација и предрасуди, истакна Беџети.

Партискиот портпарол за средбата ја критикуваше и Демократската унија за интеграција.

-За жал ДУИ денес продолжува со политички дуализам со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Еднаш се согласува со законот за обвинителство и од другата страна идентичен став со тој од ВМРО ДПМНЕ за тоа како предметите на СЈО треба да се пренесат од СЈО во Јавното обвинителство. Заев, вие може да разговарате заедно со Мицкоски за ДУИ и во нивното име, но не во име на албанските граѓани. Може да се договорите да ги амнестирате поранешни и сегашни функционери вклучени во одредени предмети на СЈО но не можете да зборувате за правда, за реформи, интеграција, во Европската унија, изборен законик, предвремени избори, затоа што уште на прв поглед оваа средба значи не изгледа сериозно, истакна Беџети.

Тој истакна дека останува нивниот политички став дека најдобро решение би било заедничка политичка маса на сите политички сили во земјата.

-Да се создаде можност за политички консензус, со што би се сменил изборниот законик и ќе ја подготвиме земјата за парламентарни избори. Паралелно со реформскиот процес да се именува странски експерт од Европска унија и од САД, рече Беџети.