„Алибаба“ излегува на берза, Џек Ма вели ќе биде најголема иницијална јавна понуда во историјата


Иницијалната јавна понуда на „Алибаба“ ќе биде најголема во историјата, тврди основачот на компанијата Џек Ма.

„Ова е прв пат да се случи толку голема Иницијалната јавна понуда (ИПО) со историски димензии надвор од Њујорк“, изјави Ма.

Цената на акцијата за Иницијалната јавна понуда ќе се утврди следната недела.

Извори блиски до „Алибаба“ велат дека ИПО ќе вреди 35 милијарди долари, што би било повеќе од 29,4 што беше претходниот рекорд од декември минатата година, што го држеше „Сауди Арамко“.

Оваа компанија за електронска трговија остварува околу 80 проценти од целата онлајн продажба во Кина. Иако компанијата обезбедува и други интернет услуги, „Алибаба“ генерира повеќе од 80 проценти од своите приходи на три платформи за трговија, каде продава сè, од игли за шиење до мебел и производи за деца.

Минатата година оствари промет од околу 248 милијарди долари, додека бројот на активни корисници се зголеми за 14 проценти, на 230 милиони, повеќе отколку што имаат заедно Amazon.com и eBay.