Алфите апсеа во Студеничани и Батинци


Во средата, во 7.40 часот, пoлициски службеници од единица „Алфа“ во Скопје ги лишиле од слобода Ј.Д.(25) од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’, за сторени сообраќајни прекршоци и сторен царински прекршок и А.К.(46) од село Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторен царински прекршок, по претходна пријава на К.И.(43).

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.