Алесандра Амброзио во Белград: Прошета по „Кнез Михајлова“ и предизвика внимание со лежерниот изглед


 

Србија–  Славната бразилска манекенка и некогашен ангел на „Викторија Сикрет“, Алесандра Амброзио, по одморот со семејството во Будва, на црногорското приморје пристигна во Србија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio)

Во Белград моментално престојува во луксузен хотел, а се прошетала по „Кнез Михајлова“ која важи во регионот за модна писта, поради убавите и дотерани Србинки. 

 

 

Алесандра за оваа лежерна прошетка избрала фустан со ефектен дезен т.н. „пејсил- дезен во орнаментален стил“ со розови и бели детали, и чантичка на „Шанел“, пишуваат српските медиуми.

 

 

По 17 ревии за американскиот моден бренд за долна облека “Викторијас сикрет“, топ-манекенката во 2017 година засекогаш ги симна ангелските крилја. Последен пат настапи на најскапата ревија на светот, на 20 ноември, за прв пат во Шангај, Кина, и се збогува со колешките од модната писта Андриана Лима, Кендис Сванепул, Лили Олдриџ…

Првата ревија ја брендот ја носеше во 2000-та и стана едно од најпрепознатлиовите лица на “Викторијас сикрет“. Најскапиот градник “Фантази бра“ што е престиж за секој ангел, го носеше два пати, беше на писта и кога беше бремена со второто дете, и ги носеше најтешките изработени крила за ревијата, кои тежеа 13 килограми.

Алесандра отиде во ангелска пензија за да се посвети на други проекти: модната линија на костими за капење со нејзин потпис, и на актерската кариера.
Годинава беше дел од кампањата „Икони“ на брендот на Ким Кардашијан  SKIMS заедно со 
Хајди Клум, Тајра Бенкс и Кендис Свонепул.