Александар Вулин има нова функција, но во Република Српска


 

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик го именуваше Александар Вулин за член на Сенатот на овој босанско-херцеговски ентитет, објави РТРС.

Во одлуката се наведува дека врз основа на Уставот на Република Српска и Законот за Сенатот, Вулин е именуван за сенатор на Република Српска од 1 декември.

Инаку, Сенатот на Република Српска е, како што пишува на нивната веб-страница, советодавното тело на највисоките уставни институции на Република Српска.

Сенатот има до 55 членови назначени од претседателот на Република Српска. За членови на Сенатот се именуваат истакнати личности од јавниот, научниот и културниот живот. Сенатор се именува на седум години, со можност да биде именуван за уште еден последователен мандат.

Кога станува збор за надлежностите, пишува дека Сенатот на Република Српска разгледува прашања од особено значење за политичкиот, националниот, економскиот и културниот развој на Република Српска и им дава мислење на највисоките уставни институции за овие прашања.