Алек Болдвин го доби петтото дете со Хиларија, сите имаат шпански имиња


САД– Актерот Алек Болдвин (63) и сопругата Хиларија (37) го добија петтото дете и убавата вест следува откако таа откри дека за краток период имала два спонтани абортуса.

„Добивме ново машко бебе. Ви го претставуваме Едуардо Пау Лукас. Неговото име значи богат чувар на мирот и светлината. Тој е совршен и не можеме да бидеме посреќни“, напиша Хиларија Болдвин на Инстаграм.

Болдвини со новородениот син Еду (Фото: Инстаграм)

Алек и Хиларија се венчаа во 2012 година и сега се родители на една ќерка и четворица синови-Кармен, 7, Рафаел, 5, Леонардо 3, и Ромео 2. Алек Болдвин има и 24-годишна ќерка Ајрланд од бракот со актерката Ким Бесинџгер.

Порано оваа година, Шпанката Хиларија, инструкторка по јога, откри дека лани во април изгубила женско бебе кога била во четвртиот месец на бременост, што уследило само седум месеци по претходниот спонтан абортус.