Алегри подготвен да го преземе Јунајтед под еден услов

Поранешниот ментор на Јувентус, Макс Алегри изрази подготвеност да го преземе Манчестер Јунајтед.
Сепак, според „Газета дело Спорт“, Италијанецот поставил ултиматум на клупското раководство на „црвените ѓаволи“. Од него бара да биде назначен во следните неколку недели. Доколку назначувањето е одложено до декември, тогаш Алегри ќе одбие затоа што смета дека повеќе нема да има време да се сврти сезоната на Јунајтед.

Медиумите во Англија тврдат дека Солскјер би можел да биде отпуштен при пораз во дербито на Ливерпул, веднаш по паузата за национални тимови.

Според „Дејли мејл“, Ед Вудвард има и друга опција за функцијата покрај Алегри. Ова е 32-годишниот ментор на РБ Лајпциг, Џулијан Нагелсман.
„Сан“ тврди дека по поразот на Манчестер Јунајтед во Њукасл, менаџерот се разгневил во соблекувалната и им кажал на играчите дека доколку продолжат да настапуваат на овој начин, ќе го испровоцираат неговото разрешување.