Албин Курти пријавил дека има 16 евра на својата банкарска сметка


Косовската агенција за борба против корупцијата објави дека премиерот Албин Курти пријавил дека има 16 евра и 41 цент на својата банкарска сметка.

Според извештајот на оваа агенција, Курти живее во изнајмен стан за кој плаќа 350 евра месечно, додека во минатогодишниот извештај навел дека оваа бројка била 250 евра.

Тој пријавил дека неговата сопруга поседува стан вреден 530 илјади евра и заштеда од 19.500 евра, кои најчесто доаѓаат од нејзината плата и наследство.

Курти, исто така, пријавил дека неговата ќерка има заштеда од 2.000 евра, како и сметка со 50 евра.

Во врска со неговата плата, Курти пријавил дека заработува 21.315 евра како премиер на Косово, додека неговата сопруга има плата од 51.000 евра. Ова се износи на годишно ниво.

Во врска со неговите долгови, Курти извести дека неговата сопруга има кредит од 160.000 евра.