Албански државни службеници олеснуваат добивање бугарски пасоши


Бугарија и натаму дели пасоши на Македоцните во Албанија. Претставни;чката на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими, на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши. Таа наведува дека соработката меѓу Албанија и Бугарија продолжува. 

Голо Брдо опфаќа 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци, а другите се мешани со Албанци. Бугарската фондација Македонија неодамна најави отворање на бугарски културен клуб во Пустец, но се уште нема дозвола од институциите.

На објавената фотографија, се гледа дека освен Милена Селими на средбата присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала. Во Албанија трговијата со бугарски пасоши е исклучително вносен незаконски бизнис. Но, спомнатите две лица, едната како претставник во Комитетот за националните малцинства и, вториот, како секретар во Општина Булќиза, за својата работа се платени од буџетот на албанската држава и затоа е нејасно  како државни службеници се впуштиле во застапување за побрзо добивање на пасоши на туѓа држава и разгорување на етничка нетрпеливост сред населението во Голо Брдо. Имено, според реакциите на пофалбената објава на Милена Селими, видливо е дека бројни се реакциите дека во Голо Брдо нема Бугари.