Албанската опозиција на кампања во Берлин, жалат што со нив не е и Курти


 

Лидерите на коалицијата „Вреди“  и претседателскиот кандидат Арбен Таравари се наоѓаат во Берлин во рамки на кампањата пред дијаспората. Веројатно да ги повикаат да дојдат во Македонија и да гласаат на 8 мај.

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, на собирот во Берлин изјави:

„Убавата вест ќе биде на 8 мај со нашата победа. Дијаспората многу добро знае да ги казнува оние кои го мразат Косово и премиерот Албин Курти. Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за соборување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од оваа дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која му се спротиставува на Косово и кокетира со српскиот претседател Александар Вучиќ”, рече Меџити.

Лидерот на Беса, Биљал Касами изрази жалење што на собирот не бил во можност да дојде и Курти поради „ѕвечкањето со оружје од страна на Србија блиску до границата со Косово“.