Албанологот Џеват Лоши и книжевниот критичар Алиу ја добија наградата „22 Ноември“


Одборот за доделување на државна награда „22 Ноември“ денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември“ за 2020 година на професорот, албанолог и академик, Џеват Лоши и на книжевниот критичар, Али Алиу.

Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.

Претседателката на Одборот, Гзиме Старова, која денеска им ја додели наградата на добитниците, посочи дека денешниот чин на доделување на оваа награда се одвива токму на празникот Ден на албанската азбука, создадена на денешен ден во 1908 година, како најзначаен културен настан на албанскиот народ на почетокот на 20 век.

-Овој настан има национална, но и универзална конотација, обединувач на мисија на народите, јазикот и писимито се важен фактор во мултикултурната реалност на нашата земја со почитување на сите наши зааедници при што различните култури ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат, посочи Старова.

Според Стaрова, денес со право нагласуваме оти нашата етничка и јазична различност во нашето општество ги сметаме за наша предност и заедничко богатство.

-Цврсто сме убедени дека достојното одбележување на културните вредности датуми и традиции како што е денешниот значаен Ден на албанската азбука ја чини суштната и за цврстината на нашето мултикултурно и мултиетничко општество, како еден вид неопходен хуманизам во најразвиените меѓучовечки и воопшто човечки односи, додаде таа.

 

Професорот Џеват Лоши откако ја прими наградата се заблагодари, и посочи дека за него, да се добие оваа награда е еден вид на интелектуална храброст.

Али Алиу, книжевен критичар се заблагодари за добиената награда и истакна дека овој чин е од висок ранг, бидејќи, како што рече, станува збор за светите букви, за азбуки, за ум, за почит…

-Уште пред три, четири дена знаев дека оваа награда ќе се додели токму на овој ден, на празникот поточно на денот на албанската азбука. Мислам дека институциите инсистираат да се продолжи секојдневниот ритам на животот, да не се одложат обврските на луѓето и тоа според мене е добро. Ова, како што рече професорот претходно, е интелектуална храброст и треба да се додели комплимент на институциите за овој чин, бидејќи поводот е од висок ранг, станува збор за светите букви, за азбуки, за ум, за умување, за познавање, за почит, за визии, и за сето ова потребна е и верба и ведрина, додаде Алиу.