Албанија од 1 јуни се отвора за Албанците од Македонија


Албанија од 1 јуни ќе им дозволи влез во земјата на Албанците кои се државјани на Македонија, Косово и Црна Гора, објави премиерот Еди Рама.

„Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници“, изјави Рама.

Тој нагласи дека Албанија е успешна приказна во глобалната војна со коронавирусот и најави дека наскоро ќе се отворат и плажите.

„Хотелите ќе можат да ги отворат своите приватни плажи на 1 јуни, додека од 10 јуни се отвораат и јавните плажи“, кажа Рама.