Албанија ќе започне со вакцинација во јануари, најави Рама

Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама на денешната онлајн средба со новинарите рече дека Албанија е многу блиску до постигнување договор за набавка на вакцини против Ковид-19.

-Се обидуваме да обезбедиме вакцина. Жал ми е што слушнав секакви теории затоа што општата состојба е иста. Компаниите како Фрејзер прават зделки што се поврзани со државите, засега нема договор што се прави директно со компаниите и купување според она што го нуди. Ние сме многу блиску до потпишување договор, работиме на овој план од средбата со директорот Фрејзер што ја остварив во САД,рече Рама.

Додаде дека се прават максимални напори достоинсвтено да се обезбедат вакзни и оти нема пред никого „нема да птачи да му даде вакцини“.

-Ние работиме политички и дипломатски за да обезбедиме вакцини. Се шпекулираше дека вакцинацијата започнала во Северна Македонија, со само 100 дози дадени во принцип од Бугарија. Да питачам за Албанците, простете ми за скромноста, но јас тоа не го можам, рече Рама.

Посочи дека е убедени дека со вакцинација во земјата ќе се почне некаде во средината на јануари најпрво на здравствениот персонал, потоа наставниот кадар, полициските службеници и така натаму.

Веста објавена на соцојалните мрежи од страна на руската амбасада во Тирана за вакцини од Спутник,Рама ја оцени како смешна провокација, додавајќи дека извинувањето од амбасадата ќе биде добредојдено.Исто така рече дека на почетокот сметал оти изјавата на руската амбасада не е ништо друго лажна вест.

Руската амбасада во објавата напишала дека Русија е подготвена да ја донесе вакцината „Спутник-В“ и во Албанија,дека истата вакцинација веќе почнала во Русија и Аргентина, додека повеќе од 50 земји аплицирале за купување на 1,2 милијарди дозиод вакцината.